Рочиштето за „Монструм“ се одложи, обвинетиот Фејзи Азири бил во болница

339

Еден од обвинетите во случајот Монструм, Фејзи Азири од вчера е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија и алергологија. Поради оваа причина денешното рочиште е одложено, а судијата Огнен Ставрев закажа три наредни термини за 15 и 23 мај и за 12 јуни.

На ова реагираше обвинителката Фатиме Фетаи која рече дека адвокатите треба да обезбедат документација дека е хоспитализиран, а не само писмо. Фетаи рече дека СЈО е спремно за предметот и дека тој е премногу сериозен и очекува сите обврски да се тргнат. Покрај Фетаи на рочиштето од СЈО беа и нејзините колеги Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски.

Присутни се и родителите на убиените деца кај Смилковското езеро.

Судењето за овој случај треба да почне од почеток, откако Врховниот суд во декември лани ги укина доживотните казни затвор на обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот сè уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...