Аргентина го продолжува своето учество на Мундијалот. Во неизвесен натпревар, аргентинците победија со 2:1 против Нигерија и се квалификуваа во осминафиналето.
Аргентина таму ќе се сретне со Франција.
Капитенот Меси го отвори резултатот со прекрасен гол во 15 минута, но во 51-вата Виктор Мозес изедначи од пенал.
Во 86-та минута бекот Маркос Рохо стана херој на вечерта, откако постигна гол за 2:1 за Аргентина и го спаси својот тим!