Рот: Нема добра иднина за младите ако нема европска перспектива

Тука сум поради младите луѓе, ги знам нивните очекувања. Има дел луѓе кои можеби се сомневаат или не се задоволни од компромисот што беше постигнат, но сите тие првенствено треба да мислат на иднината на младите генерации, порача Рот.

83

Македонските граѓани на претстојниот референдум треба да покажат храброст и да испратат јасен сигнал за членство во ЕУ и НАТО, бидејќи европската перспектива гарантира добра иднина за сите, особено за младите, порача денеска државниот министер за Европа при германското МНР Михаел Рот.

– Тука сум поради младите луѓе, ги знам нивните очекувања. Има дел луѓе кои можеби се сомневаат или не се задоволни од компромисот што беше постигнат, но сите тие првенствено треба да мислат на иднината на младите генерации, рече Рот, на панел-дебатата на тема „Multiethnic and Diverse but Equal-Macedonia Living European Values“ што во организација на Фондацијата „Фридрих Ебер“ се одржува во Скопје.

Тој додаде дека не може да постои и добра иднина за младите луѓе без европска перспектива.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи потенцира дека Рот е еден од најголемите поддржувачи на Македонија на патот кон ЕУ.

– Тој е еден од најгласните поддржувачи, но и најгласните адвокати на правната држава, на инклузивното општетство. Задоволство е што имаме такви пријатели во одлучувачки моменти за државата. Сигурно тоа ќе се рефлектира во мотивација на граѓаните масовно да излезат на рефрендум бидејќи веднаш после 1 октомври не чека светла иднина, кога Македонија веќе ги прави финалните подготовки за членство во НАТО во ЕУ кои гарантираат мир за наредните сто години и економски просперитет – рече Османи.

На панел-дебатата на тема „Multiethnic and Diverse but Equal-Macedonia Living European Values“ освен вицепремиерот Османи присуствуваше и заменик-министерот за образование Петар Атанасов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...