Рот: Дискусијата за Македонија „многу разочарувачка“

1179

Германскиот министер за Европа Михаил Рот лут излезе од состанок на Советот на ЕУ во Луксембург им довикана на новинарите дека дискусијата за Македонија била „многу разочарувачка“, но одби да каже зошто.

Не се знае дали е постигнат некаков договор.

Рот пред денешниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург, изјави дека Берлин е подготвен да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

– Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат – рече Рот.

На прашањето дали очекува тоа да се случи денеска, Рот истакна дека не е сосема сигурен, но оти се надева дека ќе се случи и оти е воздржан оптимист.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...