Рот: Да не се спречува мирно решавање на спорот за името

406

Германскиот државен министер за европски работи, Михаел Рот, изрази поддршка за преговарачкиот процес помеѓу Скопје и Атина и повика на мирно решение, без пречки.

Рот, кој учествува на денешниот совет за надворешни работи на ЕУ, изјави:

– Повторно се сретнавме денеска со македонскиот министер Димитров. Благодарни сме за постојаните преговори помеѓу Грција и ПЈРМ. Подготвени сме да дадеме секаква поддршка за решение на името. Ги повикуваме сите да не спречуваат изнаоѓање на мирно решение. Се работи за стабилност и мир во целиот регион и европската перспектива е најдобрата алатка за да нашите принципи бидат земени предвид. Надминувањето на спорот за името е многу важна точка, оптимист сум за следните денови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...