Роналдо стартува против Киево во првото коло на Серија А

Милан во првиот круг на „Сан Сиро“ ја пречекува Џенова, додека другиот милански гигант гостува на Сасуоло.

151

Суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе го направи своето официјално деби во дресот на „бјанконерите“ во Серија А против Киево, определи ждрепката за новата сезона во Италија.

Вицешампионот за минатата сезона Наполи, кој веќе има и нов тренер во лицето на Карло Анчелоти, тргнува со гостување кај Лацио во главниот град Рим.

Милан во првиот круг на „Сан Сиро“ ја пречекува Џенова, додека другиот милански гигант гостува на Сасуоло.

Сите средби од првото коло на Серија А:

Аталанта – Фрозиноне
Болоња – Спални
Киево – Јувентус
Емполи – Калјари
Лацио – Наполи
Милан – Џенова
Парма – Удинезе
Сампдорија – Фиорентина
Сасуоло – Интер
Торино – Рома.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...