Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, е убедливо најефикасниот фудбалер во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Неговиот гол против Ајакс синоќа на дуелот во Амстердам беше 24. За Португалецот во оваа фаза од турнирот. Вкупно Роналдо има одиграно 21 натпревар во четвртфиналето на елитното натпреварување.
Тој постигна повеќе голови во оваа фаза од Раул и Лионел Меси заедно. Тие имаат 20 гола.
Интересно, Меси воопшто не постигнал гол во последните 12 четвртфиналиња на Лигата на шампионите. Негов последен погодок во оваа етапа е забележан во 2013 година на натпревар со Пари Сен-Жермен.
Роналдо оттогаш има дадено 16 гола.
ФОТО: EPA / RODRIGO ANTUNES