Напаѓачот во моментов настапува во американската МЛС за ДЦ Јунајтед.
Руни ќе го одигра 120-тиот натпревар за Англија на 15 ноември на „Вембли“ против САД.
-Силата на Руни лежи во неговиот карактер и физичката моќ. Тој никогаш не запира, постојано трча, обидувајќи се да му помогне на тимот. Неверојатен тимски играч, реализатор на многу голови. Секој во Англија го сакаше. Навистина фантастичен човек и одличен играч – изјави Роналдо.
„Го нареков питбул. Сега ми недостига да играме заедно во ист тим. Можеби еден ден во иднина тоа повторно ќе се случи“ – додаде Роналдо.
Последен пат Роналдо и Руни играа заедно во Манчестер Јунајтед пред осум години.