Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо од саботата престојува во Дубровник воочи последниот дел на сезоната.
Јувентус во саботата го одбрани насловот на италијанскиот првак, а играчите добија неколку дена слободно. Роналдо неколку часа по прославата се упатил со приватен авион во Дубровник, каде ужива во луксузот, пренесува „Индекс.хр“.
Роналдо пристигнал заедно со својата девојка Георгина и неколку пријатели со кои уживаат во вечерите. На една таква вечера биле и синоќа во центарот на Дубровник, каде јаделе јапонска храна.
Многубројните фанови се обидувале да му се приближат на Роналдо и да земат некој автограм или да направат селфи, но само на неколку од нив тоа им успеало во текот на овие неколку дена, а на останатите им побегнал.
Ресторанот во кој синоќа Роналдо престојувал бил заклучен и под високо обезбедување.
Како што пренесува „Дубровачки дневник“, во едно од бегствата од љубопитливите фанови, Георгина седејќи во комбето им се смеела и ги исмејувала децата кои останале разочарани од постапката на Роналдо.