Кристијано Роналдо нема да ја уважи ни „Златна топка“.
Португалецот нема да патува во понеделник во Париз на доделувањето на најголемата поединечни фудбалска награда, која ја освојуваше пет пати.
Италијанскиот Скај, како и шпанските медиуми тврдат дека Златна топка ќе му припадне на Лука Модриќ.
Роналдо годинава не беше ни во Монте Карло, на доделувањето на наградата на УЕФА, ни во Лондон, на свеченоста на ФИФА.
И двете награди ги освои Модриќ, кој најверојатно ќе ја земе и третата – најголема.