Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо објасни зошто побарал да не биде повикуван во португалскиот национален тим по Светското првенство 2018 година.
Изминатото лето 33-годишниот напаѓач се пресели од Реал во клубот од Торино и кажа дека му требало време да се прилагоди на новата средина.
– Во 2019 година повторно ќе бидам на располагање во националниот тим. Имавме договор дека нема да играм во првиот дел од сезоната. Имам 33 години, го сменив клубот, отидов од една во друга земја. Го сменив режимот на тренинг и соиграчите -изјави Роналдо.
Португалецот има најмногу натпревари за репрезентацијата – вкупно 154 и има најмногу постигнати голови за Португалија – 85.