Роналдо, Модриќ и Салах во конкуренција за Најдобар играч на сезоната според УЕФА

150

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска ги објави имињата на тројцата фудбалери кои влегоа во потесната конкуренција за наградата Најдобар играч во минатата сезона.

Покрај минатогодишниот освојувач на трофејот Кристијано Роналдо (Реал Мадрид/Јувентус и Португалија), номинирани се и Лука Модриќ (Реал Мадрид и Хрватска) и Мохамед Салах (Ливерпул и Египет).

Роналдо ја освои Лигата на шампионите и беше најдобар стрелец во натпреварувањето, Модриќ беше најдобриот фудбалер на последното Светско првенство во Русија, а Салах беше прогласен за играч на годината во Премиер лигата.

УЕФА ги објави и кандидатите за останатите награди:

Најдобар голман: Алисон Бекер, Џанлуиџи Буфон, Кејлор Навас

Најдобар одбранбен играч: Марсело, Серхио Рамос, Рафаел Варан

Најдобар играч од средината: Кевин де Бруине, Тони Крос, Лука Модриќ

Најдобар напаѓач: Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Мохамед Салах

Најдобра фудбалерка: Пернил Хардер, Ада Хегерберг, Амандин Анри

Најдобар играч во Лига Европа: Диего Годин, Антоан Гризман, Дмитри Пајет

Свечената церемонија ќе се одржи на 30 август во Монaко, кога ќе бидат доделени наградите за време на ждрепката за групите во новата сезона во Лигата на шампионите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...