Кристијано Роналдо го постигна својот првенец во дресот на Јувентус во Лигата на шампионите, но тоа не беше доволно да се избегне поразот од Манчестер.
-И покрај доминацијата во текот на сите 90 минути, им дозволивме да ги освојат бодовите. Јунајтед ништо не направи, на крајот победи. Ние пропуштивме шанса да го решиме натпреварот и покрај многуте шанси. Немавме ниту среќа во одредени моменти – изјави Роналдо.
Португалецот смета дека нема простор за паника и дека Јувентус е во добра форма.
-Ни оди добро и во домашното првенство и во ЛШ и не треба да не загрижува овој пораз. Продолжуваме со напорна работа – вели Роналдо.