Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо е убеден дека требаше да ја освои „Златната топка“ и оваа година.
Наградата за 2018 отиде кај Лука Модриќ од Реал Мадрид.
– Верувам дека секоја година ја заслужував „Златната топка“. Кога нема да победам, тоа не е катастрофа, не е крајот на светот. Но, за ова работам многу напорно, и моите статистики го потврдуваат ова. Се разбира, јас сум разочаран од резултатот, но тоа ќе ме мотивира. Животот продолжува, нема да плачам. Честитки за Модриќ – изјави Роналдо.
Португалецот ја одби поканата да присуствува на доделувањето на наградата на 3 декември во Париз.
ФОТО: EPA / ANDREA DI MARCO