Кристијано Роналдо на изненадување на сите минатото лето премина од Реал Мадрид во Јувентус. Од почетокот на сезоната Португалецот има 17 гола и шест асистенции и никој во Торино не може да се пожали од прикажаното од Португалецот.
Tој сепак зазема прилично ниско место во рангот за изведувачи на директни слободни удари во Италија. Неговата позиција во оваа листа не е само ниска, туку е најниска, откако до моментов поранешниот играч на Манчестер Јунајтед е на последната позиција.
На „Олд Трафорд“ тој реализираше 13 погодоци од слични ситуации за 6 години, а во Реал Мадрид постигна нови 30 погодоци за девет сезони.
Досега тој ја добива довербата на Масимилиано Алегри и го спроведува слободните удари во Јуве, но од 13 обиди нема ниту еден гол.
ФОТО: EPA / ANDREA DI MARCO