Роналдо го постигна голот бр. 600 и брка нов рекорд

69
ФОТО: Инстаграм 

Кристијано Роналдо синоќа постигна нешто уникатно. Португалецот го постигна својот гол бр.600 на клубско ниво во 235-тото „Дерби на Италија“ помеѓу Интер и Јувентус, со што помогна за освојување на бод за шампионите при гостувањето на „Џузепе Меаца“.

Роналдо го надмина Лионел Меси при одбележувањето на 600 гола. Лео се запиша за Барселона против Леванте, а успехот ја запечати титулата на Каталонците. Сепак, Аргентинецот има два погодока помалку од Роналдо – 598.

Што се однесува до омилените жртви на двајцата, прави впечаток дека Меси и Роналдо сакаат да постигнува голови на Севиља. Кристијано постигна цели 27 гола против тимот од Андалузија, а Меси 36. Португалецот го добива спорот за најдобар стрелец во Лигата на Шампионите со 126 гола против 110 за Меси. Во Ла Лига предноста е на страната на Меси – 416 наспроти 311.

Сега пред Роналдо има нов предизвик Ѕвездата на Јуве цели наградата топ-стрелец на Серија „А“ и ако успее да го постигне, ќе стане првиот фудбалер, кој станал најдобар стрелец во Премиер лигата, Ла Лига и Серија „А“.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...