Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ги покани своите соиграчи на вечера за да се извини за неговото однесување, пренесоа некои италијански медиуми.
Фудбалерите на Јувентус не беа задоволни од неговото однесување на натпреварот од 12.коло во првенство на Италија против Милан (1:0). После замената во 55. минута, Португалецот влезе во соблекувалната без да се ракува со тренерот. Подоцна се дозна дека тој го напуштил стадионот пред крајот на играта.
Според„Ил Бјанконеро“ Роналдо има намера да го собере целиот тим пред натпреварот од Серија А со Аталанта, што ќе се одржи на 23 ноември во Бергамо, и во опуштена атмосфера да го објасни неговото однесување.
ФОТО: EPA / ALESSANDRO DI MARCO