Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо беше разочаран по поразот од Уругвај синоќа во осминафиналето на Светското првенство.
Португалците загубија со 2:1, а Роналдо смета дека беа подобар ривал.
– Загубивме иако бевме подобри. Сепак на крајот с ебројат головите. Му честитам на Уругвај за пласманот во четвртфиналето. Ние треба да гледаме напред. Горд сум што сум капитен на мојата репрезентација, на играчи кои целосно се ставија во функција на тимот исто како и стручниот штаб. Верувам дека во иднина Португалија ќе освојува трофеи, истакна најдобриот фудбалер на светот.
Роналдо се уште не одлучил дали Мундијалот во Русија беше последен за него во репрезентативниот дрес и дали воопшто ќе продолжи да игра за националниот тим.