Роналдињо со забрана да го напушти Бразил, имал само 6 евра

285

Роналдињо ги маѓепсуваше сите со насмевката и детскиот ентузијазам, додека твореше со топка во нозе, обезбедувајќи си место во историјата како еден од најхаризматичните фудбалери кој стапнал некогаш на теренот. Помалку од една година откако официјално стави крај на својата кариера, Бразилецот нема прилики за радост, а дури напротив – нова порција проблеми со властите во неговата родна земја го сопре неговото одамна планирано учество на меѓународна спортска конференција во Дубаи.

Така учесниците и посетителите на предметниот настан беа лишени од можноста да видат две легендарни личности од модерната историја на бразилскиот фудбал рамо до рамо – во ОАЕ учеството пријави и Роналдо.

Властите во земјата на кафето ги зедоа пасошите на Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис, кој долги години беше негов агент. Овој потег следеше откако двајцата не платиле парична казна од 2 милиони евра, што им била наметната во 2015 година.

Во обид да го извлечат износот што треба да биде платен, надлежните органи стигнале до банкарските сметки на носителот на „Златната топка“ за 2005 година, но останале непријатно изненадени, бидејќи таму имало … околу 6 евра! Се разбира во случајот најверојатно станува збор за брзи дејствија од страна на популарниот Рони и неговиот брат, откако тие најверојатно ги испразниле предметните сметки, пред органите на законот да стигнат до нив.

Светскиот шампион со Бразил од 2002 година не е познат како штедлив човек, а освен тоа неколкупати покажал дека не ги сака локалните власти. 38-годишниот бразилски маестро го одигра последниот натпревар како професионален фудбалер во 2015 година, кога беше дел од Флуминензе, но ја соопшти последната одлука да сопре со играта дури во јануари минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...