Роналдињо за пет години потрошил 90 милиони долари

381

Поранешниот фудбалер на Гремио, на ПСЖ, на Барселона и на Милан, Роналдињо за пет години потрошил околу 90 милиони долари, колку што се проценува дека заработил во кариерата до 2015 година.

Неодамна тој беше уапсен во Парагвај со неговиот брат Роберт, откако неколку часа по влегувањето во земјата беше откриено дека поседува лажен пасош.

Бизарноста во случајот е уште поголема ако се знае дека тој можел да влезе од Бразил во Парагвај без пасош, бидејќи двете земји се членки на Меркосул (Економска унија на државите од Јужна Америка, во која се овозможува на граѓаните да минуваат граница само со лична карта). Но, Роналдињо, сепак, решил да се идентификува со пасош, а не со бразилска лична карта.
Роналдињо во кариерата, како дел од бразилската репрезентација, ги освои

Светското првенство, Копа Америка и Купот на конфедерации. Двапати беше прогласуван за најдобар фудбалер на светот, а во сезоната 2005/06 триумфира и во Лигата на шампиони со Барселона.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...