Ромпеј: Се надевам дека ЕУ ќе ја награди политичката храброст на Северна Македонија

269

Поранешниот претседател на Европскиот совет и премиер на Белгија Херман ван Ромпеј денеска од Белград порача дека клучот на просперитетот не се наоѓа ниту во Пекинг, ниту во Москва, ниту во Анкара, туку во Брисел.

Истакнувајќи дека косовското прашање е клучно на патот на Србија кон евроинтеграциите, Ван Ромпеј изрази очекување дека тој проблем ќе биде решен кога ќе се врати довербата, како што беше случајот со Северна Македонија. Според него, спорот за името бил решен благодарејќи на довербата и храброста на двајца лидери.

– Навистина се надевам дека ЕУ ќе ја награди политичката храброст. Кога имаме доволно доверба можно е да се надминат емоциите и ирационалните моменти и да се постигне договор, истакна Ван Ромпеј, кој учествува на конференција во Србија.

Тој уште потенцираше дека мир ќе постои кога сите држави од поранешна СФРЈ ќе станат дел од ЕУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...