Ромео: Македонија ќе добие покана за членство во НАТО

366

Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на претстојниот Самит во Брисел, а процесот на зачленување ќе заврши во предвидениот рок, рече денеска италијанскиот амбасадор Карло Ромео на средбата со министерот за дијаспора Едмонд Адеми.

Како што соопшти Кабинетот на Адеми, Ромео изразил интерес за актуелните активности на Владата во процесите на НАТО и евроинтеграциите, истакнувајќи ја целосната поддршка од италијанска страна.

Адеми за време на разговорот опширно го информирал Ромео за Националната стратегија и основните столбови за соработка со дијаспората. Со оглед на бројната македонска дијаспора во Италија, заеднички било констатирано дека таа е добра можност за изградба на мостови за соработка од повеќе области, пред се, во економијата, културата, образованието и инвестициите.

Адеми најавил дека во септември ќе ја посети Италија и побарал средби со соодветни институции во италијанската Влада и Министерството за надворешни работи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...