Ромео за МИА: Веќе нема изговори за одложување на одлуката за преговори

Сметаме дека конечно постојат сите услови за Северна Македонија да го добие датумот за преговори. Не дека претходно условите не постоеја, тие постоеја и во октомври и во јули минатата година. Меѓутоа, сега веќе сите оние пречки што постоеја сметаме дека се надминати и дека конечно можеме да очекуваме отворање на преговорите - вели италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

297
FOTO MIA

Италија смета дека не постојат повеќе изговори за понатамoшно одложување на датумот за преговори. Се надеваме и очекуваме дека тоа ќе се случи до Самитот во Загреб, оцени италијанскиот амбасадор Карло Ромео во интервју за МИА.

Позитивниот извештај на ЕК и обновената препорака за старт на преговорите со Северна Макеоднија и Албанија, според амбасадорот Ромео, е одлична вест и потврда дека двете земји постигнале значителен напредок на патот кон евроинтеграциите.

– Ние како Италија тоа го очекувавме. Сметаме дека конечно постојат сите услови за Северна Македонија да го добие датумот за преговори. Не дека претходно условите не постоеја, тие постоеја и во октомври и во јули минатата година. Меѓутоа, сега веќе сите оние пречки што постоеја сметаме дека се надминати и дека конечно можеме да очекуваме отворање на преговорите. Двата елемента кои се очекуваа во меѓувреме – ревизијата на методологијата беше прифатена, односно беше позитивно оцената од сите земји членки на ЕУ и вториот елемент беше оваа препорака – документ кој го очекувавме да излезе од Европската комисија, кој е позитивен и ги препознава сите напори кои државата ги вложи во постигнување на резултатите во реформите и во сето она што од неа беше побарано – вели италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

Во интервјуто за МИА што наскоро ќе го објавиме во целост, амбасадорот Ромео се осврнува и на проблемот со коронавирусот во Италија, за начините на кои властите се справуваат со него, за мигрантската криза,…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...