Романскиот амбасадор на седница на Владата ќе ги презентира приоритетите на ЕУ

161

Со презентација на приоритетите на Романија за време на претседателството со Советот на Европската Унија, што ќе ја одржи романскиот амбасадор во Република Македонија, Стефан Горда ќе биде отворена денешната 116-та владина седница.

На  дневен ред на седницата се и повеќе точки од Програмата за работа и од интерес на граѓаните, како што е донесувањето одлука во врска со Информацијата за потребата од обезбедување  финансиски средства за реализација на проектот „Изградба на железничка пруга од Крива Паланка до граница со Бугарија“, што ќе ја презентира Јавното pретпријатие Македонски Железници Инфраструктура.

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, на оваа владина седница ќе ја претстави својата Програма за работа и Финансиски план за 2019 година, а на предлог на Агенцијата за млади и спорт, Владата ќе ја разгледа Предлог – програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за оваа година.

Членовите на Владата ќе расправаат и за Информацијата за Програмата на Економски Реформи 2019-2021 година, на  Министерството за финансии.

Генералниот секретаријат на Владата на РМ ќе ја предложи на усвојување Предлог-програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, а на предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање на седницата на Владата ќе се најдат Предлог-годишната програма за заштита на природата за 2019 година, и Информацијата за поддршка на иницијативата за прогласување на планината Јабланица за заштитено подрачје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...