Романец го пренесувал своето возење на Фејсбук и усмртил трудница, дете и постара жена

440

Три лица погинаа на истокот од Романија кога маж, кој во живо го пренесувал своето брзо возење со спортски автомобил, слетал од патот и влетал во еден двор, соопшти денеска телевизијата Антена 1.

Во несреќата смртно настрадаа бремена жена, нејзиното тригодишно дете и 79-годишна жена.

Уште едно лице кое било во дворот е повредено кога автомобилот вчера слетал од патот во населбата Вацарени, на 250 километри источно од Букурешт.

Возачот и сопатникот од автомобилот исто така се повредени. Возачот се обидел да побегне, но набрзо бил уапсен.

Осомничениот возач со камера во автомобилот го снимал своето пребрзо возење и во живо го пренесувал на Фејсбук.

Романската Влада најави итно донесување закон со кој драстично се зголемуваат казните за лицата кои се играат со мобилните телефони во текот на возењето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...