Рокерот од Пинк Флојд повика на бојкот на Евровизија

507

Поранешниот член на рок-групата Пинк Флојд, Роџер Вотерс упати повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја бојкотираат.

Рок-ѕвездата, пејач, гитарист, басист, текстописец и композитор, а сега и претставник на движењето за бојкот и санкции против Израел, повика натпреварувачите „да застанат рамо до рамо со Палестинците”.

– Да покажеме солидарност со 189-те невооружени демонстранти кои минатата година беа убиени од израелски снајперисти, меѓу кои и 35 деца, наведува Вотерс, повикувајќи се на податоците од независната Комисија за истрага на Обединетите Нации околу протестите во Појасот Газа – објавени во февруари.

Според тој извештај, 154 од убиените биле невооружени. Израелските власти, односно премиерот Бенјамин Нетанјаху ги отфрлаат ваквите тврдења.

Пејачот-гитарист во јануари, заедно со уште петмина други британски ѕвезди, го повикаа и Би-би-Си да не го пренесува Евросонгот во Тел Авив закажан за во мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...