Розберг: Верстапен се врати на својата поранешна агресивна состојба

133
ФОТО: EPA / Zsolt Czegledi

Светскиот првак во Формула 1 за 2016 година Нико Розберг, смета дека на трката за Големата награда на Белгија пилотот на „Ред Бул“ Макс Верстапен се покажа во своето поранешно светло.

Холанѓанецот го нападна Кими Раиконен од „Алфа Ромео“ премногу агресивно и го загуби растојанието и удри во болидот на Финецот.

– Верстапен се врати во своето препознатливо светло. Тој е премногу агресивен. Премногу. Не разбирам зошто го стори тоа. Тој има многу храброст, но овој маневар немаше смисла – изјави Розберг.

Верстапен не ја заврши трката во Белгија. 

ФОТО: EPA / Zsolt Czegledi

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...