Славниот британски рок музичар Род Стјуарт (74) и неговата сопруга Пени Ланкастер (48) отишле да се забавуваат во Лондон со пријателите.
И додека на првите фотографии кои Пени ги објавила на својот Инстаграм-профил сè делува „цивилизирано“, на последната има што да се види – Род со двајца пријатели ги симнал панталоните и потоа сите тројца танцувале по гаќи!
„Фантастична вечер со момчињата и девојките, панталоните симнати, чорапо нема“, напишала Пени во описот на фотографијата.
Рок Стјуарт и пени се во брак од 2007 година, а заедно имаат двајца синови – Алестер (13) и Ејден (8).
FOTO: Instagram/Printskrin