Родова неутралност и кај куклите, почнаа да се произведуваат „без етикети“

Секој комплет има една кукла, две опции за коса и „небројни можности за стајлинг“.

122
ФОТО: Мател / Метро

Производителот на играчки Мател има нова линија на кукли кои се „без етикети“. За нив има повеќе опции за облека, накит и перики за да можат децата да ја облекуваат куклата во здолниште, панталони или и двете, пренесува „Метро“.

Според Мател, работел тим од „експерти, родители, лекари и најважно, деца“ за да се креираат шест различни комплети на варијации од боја на кожа. Секој комплет има една кукла, две опции за коса и „небројни можности за стајлинг“.

Вишиот потпретседател Ким Кулмон вели:

– Играчките се рефлексија на културата и како светот продолжува да го слави позитивното влијание на инклузивноста, ние чувствувавме дека е време да се направи кукла без етикети. Со истражување дознавме дека децата не сакаат нивните играчки да бидат диктирани од родовите норми. Оваа линија им дозволува на сите деца да се искажат себеси слободно.

Комплетите за кукли доаѓаат по препорачана малопродажна цена од 34.99 фунти.

ФОТО: Мател / Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...