Поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија низ Венецуела, роднини на претседателот на Венецуела Николас Мадуро се обидоа да ја напуштат земјата.
Властите на соседна Колумбија објавија дека роднината на Мадурo, Архимиро Мадуро, заедно со неговата сопруга, децата и поширокото семејство, се појавилe на еден од контролните пунктови на границата со Колумбија.
Колумбиските власти соопштија дека роднината на Мадуро и неговото семејство се жалеле дека жештината е неподнослива поради недостигот на струја и оти сакаат да поминат пет дена во град во северниот дел на Колумбија, Риохача, кој се наоѓа на брегот на Карипското Море.
Нивниот план не успеал поради тоа што тие се на листата со околу 300 луѓе на кои им е забранет влез во Колумбија.
ФОТО: EPA / RAUL MARTINEZ