Во полициската станица Тетово, 19-годишна девојка од тетовско село пријавила вчера дека во периодот по 25 август годинава нејзината тетка и братучед постојано противправно ја држеле и физички малтретирале на две локации во Тетово.
Според пријавеното, тие сакале да ја омажат против нејзина волја, иако таа веќе имала момче. По консултација со јавен обвинител, девојката преку Центарот за социјални работи- Тетово е соодветно згрижена и се преземаат мерки за расчистување на случајот.