Родител тужи за незапишување на училиште на невакцинирано дете

302

Дете со аутизам од Штип, кое не ги примило сите вакцини, не е запишано во прво одделение и два месеци седи дома. Поради тоа, неговиот татко, Зоран Мијалков, претседател на  здружението „Сплотени срца“ поднесе тужба пред Уставен суд.

Од училиштето „Ванчо Прќе“ тврдат работат законски согласно препораките на Министерството за образование, кое пред две недели на нивно барање им испратило мислење дека детето може да се запише на училиште со потврда за одложување на вакцината.

Иако е донесена одлука детето од денеска да почне со настава, Мијалков тврди дека тој не добил никакво известување.

фото: ТВ Стар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...