Родителската куќа кај Министерството за здравство е на располагање на роднините на повредените

629

По хуманите граѓани кои преку социјалните мрежи понудија сместување во Скопје за семејствата на повредените и Министерството и невладината организација САНО објавија ека обезбедуваат престој за роднините.

„Министерството за здравство и невладината организација „САНО“ ги повикуваат роднините на сите повредени од тешката сообраќајна несреќа доколку немаат сместување во Скопје да се пријават за сместување во родителската куќа (која се наоѓа во близина на Министерството за здравство). Роднините треба само да се обратат на лекарите каде се сместени повредените, по што ќе им биде издадена потврда дека лице од нивното семејство е повредено во несреќата“, соопштија од Министерството.

Престојот во родителската куќа е комплетно бесплатен и почнувајќи од денеска, куќата е отворена за семејствата на сите повредени кои имаат потреба од престој во Скопје.

Дополнително, во соработка со Комората на психолози на Република Северна Македонија за сите роднини на пациентите кои имаат потреба од психолошка поддршка, обезбедена е стручна помош од психолози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...