Родители од Аеродром тврдат дека се под закана: Нема сведителства, ако не платиме за обезбедување

Општината Аеродором најавува дека од септември обезбедувањето во училиштата ќе се плаќа со општински пари, а и дека секое дете ќе добие по 3.500 денари помош во семејниот буџет.

1934

Родители чии деца учат во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје се пожалија во редакцијата на Плусинфо дека се под закана од училишното раководство дека нема да добијат свидителствата ако не платат за обезбедување.

Во Министерството за образование се категорични дека никој нема право да упатува какви било закани или уцени со сведителства, а секое училиштето, пред да ангажира обезбедување треба да добие согасност од родителите и од сите паралелки.

Општинските власти во Аеродром, пак, тврдат дека повеќето родители се изјасниле дека сакаат училишно обезбедување и од септември најавуваат новини што ќе ги израдуваат сите родители.

-Ние ниту сме барале училиштето да има обезбедување, ниту сме биле прашани, ниту сме потпишале дека ќе плаќаме. Се оди преку директорот, односно структури во училиштето кои диригираат. Кој може да забрани дете да не добие свидителство и да се заканува преку класните раководители? – велат револтираните родители.
 За овој пробем побаравме одговори во Општината Аеродором од каде што негираат дека имало закани кон родителите, но и дека случајот по пријава на родител стасал и до државниот просветен инспекторат.

– Секој ученик во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ уредно и на време ќе си добие свидетелство како и секоја година и тоа право никој нема да им го одземе. Не се точни тврдењата дека училишната управа се заканила дека учениците нема да добијат свидетелства, ако не платат за обезбедување на училиштето. Според тврдењето на директорот на училиштето, случајот ги испитал државниот просветен инспекторат по пријава на родител и констатирал дека такво нешто немало – велат за Плусинфо од Општината Аеродром.

Што се однесува до обезбедувањето на училиштето, мнозинството од родители, велат надлежните во општината Аеродром, се изјасниле дека сакаат училиштето да воведе обезбедување. Оттаму најавуваат дека во новата учебна година обезбедувањето во сите основни училишта во Аеродром ќе го плаќа општината, а дека секое дете ќе добие по 3.500 денари како помош на семејниот буџет.

-Од наредната 2018/2019 учебна година трошоците за обезбедување ќе ги покрива Општина Аеродром. Средствата се веќе обезбедени, а во тек е постапка за избор на агенција за обезбедување, така што од септември родителите нема да плаќаат за обезбедување. Ова ќе важи за сите основни училишта и детски градинки на територијата на Општина Аеродром. Исто така, со цел да им се намалат давачките на родителите, од септември секое прваче во Општина Аеродром ќе добие по 3.500 денари – најавуваат од општината Аеродром.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...