Групи што се против вакцинација за заштита од морбили во Њујорк организираат „морбили забави“ за своите невакцинирани деца, со цел да ги изложат на нив.
– Во минатото луѓе правеле забави за да ги изложат своите деца на сипаници. Сега живееме во поинаков свет. Има сериозни последици од ова – изјавил комесарот за здравство на Њујорк, д-р Оксирис Барбо.
Сериозните последици кои може да настанат се губење на коса, нарушување на мозокот и смрт.
– Како лекар и мајка, морам да ве предупредам дека изложувањето на невакцинирани деца на морбили е многу опасно и може да заврши кобно. Ги повикуваме сите да ја избегнат оваа практика – изјавила заменик-градоначалничката Херминија Палацио.
Минатиот месец, гувернерот на Кентаки, Мет Бевин признал дека намерно ги изложил сите свои девет деца на сипаници преку „забава“ наместо да ги вакцинира.
Извор: scarymommy.com