Новата смртоносна игра „Момо“, со неверојатна брзина се шири преку популарната апликација за размена на пораки WhatsApp, па така едно девојче „после советот“ на хорор ликот си ја исекло косата, но за среќа останало само на тоа.
Фотографијата со исечената коса ја поставил фризерскиот салон во кој ја однела мајката за да ја средат по травматичниот настан.
„Штотуку го испративме ова преслатко девојче кое учествувало во морничавиот Momo предизвик. Ако не сте се запознале со играта, овој монструм преку интернет ги предизвикува децата да си ја отсечат косата, да доближат нож до грлото, да се запалат, да цицаат туѓа крв…. Ова девојче поминало добро, па само добило задача да си ја отсече косата. Има само пет години, а и покрај сè што се случило, тоа зборува само за Момо чудовиштето. Мајка ѝ е избезумена. Ѝ рековме дека ќе ја средиме, само ако вети дека повеќе никогаш нема да зборува со Момо. Мајка е истрауматизирана и нè замоли во нејзино име да ја алармираме јавноста“, порачале од фризерскиот салон.
Децата веќе подолго време играат и комуницираат со него, а тој им дава хорор задачи кои ги исполнуваат.