Осумнаесетмесечно прегладнато момче почина на 27 септември, откако неговите родители вегани не му давале речиси ништо друго освен овошје и зеленчук.
Како што пренесува „Метро“, 30-годишниот Рајан О-Лери и пет години постарата Шејла се уапсени минатата недела во Флорида.
Починатото момче тежело колку просечно седуммесечно бебе.
Шејла повикала помош кога го нашла детето студено и недишејќи.
Полицијата потоа зборувала и со нивните деца, на возраст од три и пет години, кои биле исто така бледи. Според властите, тие тежеле многу малку за нивните години. Едно од нив имало и црни заби, најавувајќи распаѓање. Третото дете, девојче, се чинело дека е најздраво. Потоа дознале дека тоа е дете на Шејла со друг маж, па девојчето одело кај него на недела дена и наводно тоа е причината зошто е поздраво.
Шејла им кажала на полицајците дека во нејзиното семејство сите се вегани и дека јадат само овошје и зеленчук. Таа го доела починатото момче, додавајќи дека тоа немало јадено добро храна една недела, ами само цицало. Денот кога детето починало, таа го доела само минутка, пред тоа да почне да дише чудно. Шејла вели дека требало да повика некого уште тогаш, но таа заспала со сопругот.
Од што починало момчето е соопштено на 6 ноември, веднаш потоа неговите родители се приведени.
ФОТО: Метро