Татко пријавил дека на 28.09.2018 година во периодот од 10.30 до 11.00 часот во основно училиште Ѓорѓија Пулевски во Скопје, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја. Девојчето се здобило со телесни повреди. Родителите на малолетниците кои го извршиле нападот се повикани во полициска станица и се преземаат соодветните мерки и активности за целосно расчистување на случајот, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Родителите на децата кои фрлија соученичка од прозорец, повикани во полициска станица
loading...