Родила тројка, сопругот отишол по пелени, а се вратил кога децата веќе биле возрасни

Поминале 20 дена кога Ана со бебињата се вратила дома од болницата. Ненад отишол по пелени за децата и никогаш не се вратил!

2885

Живееле во мал град, како обично семејство. Двајцата работеле, деновите минувале во секојдневните активности. Тогаш се случило чудо: таа забременила. На ултразвукот, ги чекало уште едно изненадување: ќе добијат тројка.

Сѐ би било во ред, доколку имале повеќе пари, но деновите минувале во исчекување на непознатото.

Во седмиот месец, Ана почувствувала болки и контракции. По неа дошла итната помош, а неколку часа подоцна, лекарот му се јавил на Ненад: „Честитки, добивте тројка!“

Ана била пресреќна, конечно сите се тука – семејството е заедно. Поради некоја причина, сопругот не ја споделил таа радост. Се повлекол во себе, замислено гледал во една точка.

Поминале 20 дена кога Ана со бебињата се вратила дома од болницата. Ненад отишол по пелени за децата и никогаш не се вратил!

Ана го барала по телефон, го барала кај пријателите, роднините, но дознала само дека е добро… Колку и да се обидувала да дојде до него, наидувала само на молчење…. Ана одлучила да се посвети на децата, за Ненад повеќе не сакала да размислува.

Околу децата ѝ помогнале мајка ѝ и сестра ѝ. Кога децата малку пораснале, Ана добила работа, а децата оделе во градинка. Кога децата наполниле 4 години, Ана донела важна одлука: заради својата работа, од внатрешноста се преселила во главниот град.

Ана била трудољубива и далеку стасала на работа. Имала среќа што работела во добра фирма и со помош на државата, како самохран родител, била во можност да купи стан од бенефиции. Децата тргнале на училиште, а нејзината мајка многу ѝ помогнала околу нив.

Поминале 10 години откако последен пат го видела својот сопруг. Еден ден кога ја излегувала од фирмата, го сретнала Ненад. Работел за компанија слична на нејзината, но додека таа беше на раководна позиција, тој работел како обичен менаџер.

Ненад прво бил збунет, одвај ја препознал Ана, а потоа почна да се оправдува зошто ненадејно заминал.

Побарал да му прости и да му дозволи да ги гледа децата. На Ана ѝ дошло преку глава! Сѐ што се собрало, целата горчина со текот на годините, таа ги срочила во  неколку реченици што му ги упатила.

„Начинот на кој клекнуваш пред мене,јас две години клекнував пред мојот шеф за да добијам слободни денови кога децата беа болни. Работев дење и ноќе за да имам доволно да ги нахранам, додека ти беше којзнае каде.

Денес кога конечно успеав да го изградам и да го средам својот живот, ти би сакал да ти дадам место во него!? Е, па не може!

И кога децата ќе пораснат, тие сами ќе одлучат дали да комуницираат со тебе или не, но oд мене не очекувај поддршка!“

Ана не знаела дали се покајал, дали се чувствува виновен што така постапил, во секој случај, таа никогаш повеќе не слушнала за него. Одлучила на децата сѐ да им раскаже, за тие самите подоцна да одлучат дали ќе сакаат да бидат во контакт со таков човек.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...