Во Црна Гора за првпат во историјата се одржана крштевка на правата транс личност Вук Аџиќ со благослов на митрополитот Амфилохије.
Тој во црквата дојде во народна носија заедно со кумот. Аџиќ е роден како девојче но беше крстен како момче.
Во неговите документи се уште стои дека е женски пол, но потребно е да завршат сите процедури се очекува тој да биде впишан во сите документи како машко. Црна Гора неодана донезе закон за поголеми права на припадниците на LGBTIQ заедницата.
Претседателот на Управниот одбор на ЛГБТ Форумот Бојана Јокиќ преку Фејсбук објасни дека Вук сè уште не ја поминал целата транзиција и рече дека ова е првиот случај на крштевање на транс лице кое не поминало транзиција.
„Нема збор со кој може да се опише ова чувство на среќа и гордост. Денес, христијанската љубов кон човекот ги надмина сите разлики. Му благодарам на Митрополитот со отворените раце, подготвени за прегратка за сите нивни деца”, напиша Бојана Јокиќ.