Роденденската забава за Баухаус, причина за да се посети Германија во 2019 година

184
ФОТО: news.artnet.com

Во 1919, архитектот Валтер Гропиус отворил мало училиште во Вајмар, кое за кратко време станало место за нови естетски движења.

Оваа година, Германија одбележува 100 години од постоењето на Баухаус, првото училиште за модерна архитектура и дизајн, со прослава која ќе биде „во стил на Баухаус: експериментална, разновидна, транснационална и радикално современа“, според организацијата „Баухаус 100“.

Поради ова, оваа држава се најде на второто место на „Лоунли планет листа на земји кои треба да се посетат во 2019 година“.

Баухаус беше синоним за модерноста и се шири низ целиот свет преку делата на архитектите и дизајните, како и артистите, вклучувајќи ги Пол Кли, Васили Кандински, Лазло Мохоли – Наги и Јосеф и Ани Алберс.

Учениците верувале дека училиштето е експериментална лабораторија за градење на иднината.

Поради финансиски и политички притисоци, училиштето било принудено да се релоцира два пати, пред да биде затворено поради Нацистите, кои го сметале за центар на комунистичкиот интелектуализам.

Сега Вајмар, Десау и Берлин ги обновуваат своите музеи за да ја одбележат годишнината. Но и други богати програми ќе вреди да се посетат ширум Германија по повод роденденот на ова училиште.

ИЗВОР + ФОТО: news.artnet.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...