Роб Лоу го исмеа принцот Вилијам поради губењето на косата: Вашиот иден крал си дозволил ќелавост! ФОТО

Принцот Вилијам, мошне рано, на 27-годишна возраст почнал да ја губи косата.

779
ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH

Американскиот актер, продуцент и режисер Роб Лоу во последниот разговор со медиумите се осврнал сосема неочекувано на физичкиот изглед на британскиот принц Вилијам и го прозвал поради прераното губење на косата.

Самиот принц Вилијам, кој мошне рано, на 27-годишна возраст почнал да ја губи косата, таквата појава никогаш премногу не го загрижувала, ниту некогаш дал до знаење во медиумите дека поради тоа е несигурен или дека има недостаток на самодоверба.

Меѓутоа, изгледа дека тоа им пречи на другите луѓе. На пример, на американскиот актер Роб Лоу кој сега јавно го прозва.

– Дали можеме малку да разговараме за принцот Вилијам? Вашиот иден крал си дозволил себеси да ја изгуби косата. Искрено, едно од најтравматичните искуства во мојот живот беше да гледам како принцот Вилијам ја губи косата. Па тој ќе биде идниот британски крал! – рекол актерот за британски „Дејли телеграф“.

Роб Лоу нагласил дека лично никогаш не би се довел во ситуација во која е принцот Вилијам, како и дека тој со години пие таблети кои косата кај мажите ја прави поцврста, погуста и го намалува опаѓањето на влакната.

ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...