Роби Вилијамс по четврти пат стана татко, сурогат-мајка на свет го донесе момчето ФОТО

Покрај фотографијата Ајда напишала дека таа и Роби го добиле синот благодарејќи и на истата „неверојатна“ сурогат-мајка која на свет ја донесе и нивната ќерка Коко.

453
ФОТО: EPA / FRANCK ROBICHON

Британската музичка ѕвезда Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд по четврти пат станале родители

Благодарејќи и на сурогат мајка тие го добија синот Бу Бенедикт. Познатата двојка ја изненади јавноста со оваа информација бидејќи никој не очекувал вакво нешто.

Роби и Ајда на Инстаграм објавија фотографија на која се гледаат голите нозе на нивниот син.

Покрај фотографијата Ајда напишала дека таа и Роби го добиле синот благодарејќи и на истата „неверојатна“ сурогат-мајка која на свет ја донесе и нивната ќерка Коко.

Ајда и Роби кои се во брак од 2020 година не зборуваат многу за својот приватен живот.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

ФОТО: EPA / FRANCK ROBICHON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...