Роби Вилијамс повторно ја запроси сопругата на нејзиниот роденден (ВИДЕО)

560
ФОТО: EPA / FRANCK ROBICHON

Роберт Вилијамс на 40. роденден на својата сопруга Ајда Филд ја запросил повторно. Таа објави на својот Инстаграм видео во кое Вилијамс ја пее својата песна „Angels“, но го менува текстот и вели „Ја сакам Ајда“. Потоа тој клекнува на колена и прашува: „Душо, уште една работа. Дали ќе се омажиш за мене повторно?“. Гостите ракоплескаа а двајцата танцуваа на сцената.

На Инстаграм, Ајда напиша „Мојот одговор е „да““.

Фановите им честитаа со позитивни коментари, а еден од нив гласи „Мислам дека не можеше да побара подобар 40. роденден! Тоа е толку специјално“.

Парот се венча на 7 август 2010 година и има три деца: шестгодишната Теди, четиригодишниот Чарли и седуммесечната Коко.

 

View this post on Instagram

 

@robbiewilliams …the answer is yes ❤️#besthusbandever #birthdaylove #rydaforever AWxx

A post shared by Ayda Field Williams (@aydafieldwilliams) on

ФОТО: EPA / FRANCK ROBICHON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...