Робин Худ им остава коверти со пари на жители во шпанско село

142

Жителите на едно мало шпанско село добиваат коверти со пари во поштенските сандачиња или под вратите, а не знаат од кого се. Локалните весници веќе го нарекуваат „Робин Худ“.

Според градоначалникот на Виљарамиел,  Нурија Симон минатата седмица, 15-тина лица од вкупно 800 жители на селото, добиле по сто евра во коверт.

– Не знам која е намерата и мотивот. Сите сме збунети и во очеквање да дознаеме кој е добродетелот. Вдовица, којашто живее со син ѝ, двојки со мали деца, повозрасни брачни двојки, двојки на средна возраст без деца… Нема некоја поврзаност меѓу избраните „добитници“ – изјави градоначалникот.

Некои од нив отишле в полиција или в банка, за да проверат дали банкнотите се вистински. Вистински се.

Властите соопштија дека во овој случај, не е извршен никаков прекршок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...