Aктерот Роберт де Ниро е ко-сопственик на синџирот на ресторани Nobu. Tој не го поднесува Доналд Трамп, дури и пред тој да биде избран за претседател. Де Ниро постојано и јавно го критикува Трамп во секој можен случај.
Сега 74-годишниот актер категорично изјави дека за Трамп нема место во неговите ресторани и дека претседателот на САД ќе биде избркан, ако си дозволи да влезе и да побара маса.
Ако пак случајно се најдат заедно во некој друг ресторан, каде што веќе не може да ја спроведе својата волја, Де Ниро вели:
„Веднаш ќе излезам. Не можам да бидам во иста соба со овој човек“.