Приказна која никој не остава рамнодушен. Добро е познато дека популарниот холивудски актер Роберт Де Ниро ја обожава Србија, а натпреварите на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ не ги пропушта. Меѓутоа, малкумина знаат дека неговата поврзаност со Србија датира од неговата младост, пишуваат медиумите во регионот.
Еден од најголемите актери во Холивуд, Робет Де Ниро (76) е горд татко на шест деца, а ја посвоил својата најстара ќерка додека бил среќно оженет со неговата поранешна сопруга Дајана Абот.
Со желба да ја види Европа и Блискиот Исток, Де Ниро во 1967 година со автостоп дошол во поранешна Југославија. На излелот од Ниш го запрел Радован Ѓокиќ, селанец од селото Чокот. Некој човек му кажал на Радован дека странецот бара сместување за да преноќи. Ѓокиќ го повикал во неговата куќа и го угостил како најдраг гостин. Утредента домаќините го испратиле Де Ниро на пат со погача и сирење.
Точно една година подоцна, во летото 1968 година во Чокот пристигнал автомобил „фолксваген“ со германски регистарски таблици. Од автомобилот излегол истиот тој млад човек. Де Ниро тогаш останал три дена таму, а заедно со своите домаќини берел домати, го носел зеленчукот на пазар и заедно со луѓето го продавал.
Од Чокот заминал за Грција, но набрзо се вратил затоа што на бензинската пумпа помеѓу Лесковас и Ниш примил автостопер кој му го украл паричникот. Ѓокиќ му дал пари за пат на актерот, а Де Ниро за возврат му понудил камера која Радован ја одбил.
По многу години семејството Ѓокиќ истото тоа „момче“ го виделе на филмското платно и тогаш сфатиле кој им бил гостин.
Кога го прочитал романот „Мостот на Дрина“ од Иво Андриќ, Де Ниро на својата ќерка ѝ го дал името Дрена. Како што пренесуваат медиумите, Де Ниро често ангажирал дадилки од Србија, а долго низ текот на годините еден член од неговото семејство бил Србин.