Роберт де Ниро барал асистентката да го чеша по грбот, сега таа ќе го „очеша“ за 12 милиони долари!

Чеис Робинсон започна да работи за Де Ниро во 2008 година како извршен асистент.

630

Поранешната асистентка на Роберт ди Ниро, Чејс Робинсон, која го обвинила актерот за „сексуална дискриминација, непријателско работно опкружување и вознемирување“, како отштета бара 12 милиони долари!

Во обвинителството таа тврдела дека Де Ниро понекогаш бил пијан и викал на неа користејќи вулгарен речник, а потоа ја принудил да го чеша по грбот или да му ја врзува вратоврската, како и да си ги извршува домашните работи.

Тaa исто така тврди дека актерот правел „несакани физички контакти“ и сексуални коментари, ја плаќал помалку поради нејзиниот пол.

Чејс поднесе тужба во федералниот суд во Менхетен, откако Роберт де Ниро ја тужеше за затајување на 6 милиони долари, бидејќи таа, наводно, ја користела кредитната картичка на неговата компанија за нејзина сопствена употреба.

Чејс Робинсон започна да работи за Де Ниро во 2008 година како извршен асистент. Таа поднесе оставка во април 2019 година, година и пол откако беше промовирана во заменик претседател на производство и финансии во компанијата на Де Ниро.

Таа сега тврди дека Де Ниро вербално ја злоупотребувал и ја третирал како негова „сопруга на канцеларијата“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...