За 70 отсто поевтин роаминг ќе имаат граѓаните од први јули. Оваа поволност ќе ја имаат кога ќе разговараат со граѓани на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
– Она на што инсистираме за да се избегнат долгите постапки во преодниот период, додека операторите не ги спроведат потребните механизми, е да одредиме фиксни цени што би биле намалени од 70 до 80 отсто – изјави директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Сашо Димитриоски.
Димитриоски најави дека се очекува намалување на роаминг услугите и со соседна Грција до крајот на годинава.
Се очекува со намалување на цените, значително да се зголеми сообраќајот во роаминг.
Крајна цел е до јули 2021 година, роаминг услугите да бидат целосно укинати и да се наплаќаат како во домашниот сообраќај, што е случај со земјите во Европа.