Ријасетот на Исламската верска заедница одржува вонредната седница во Факултетот за исламски науки во Кондово.
Седницата се одржува по најавите за промена на поглаварот на ИВЗ врз основа на судско решение.
Според судското решение, како што изјави за медиумите Скендер Бузаку од утре ќе биде новиот поглавар на Исламската верска заедница. Додека Мухамед Вејсели од ИВЗ, истакна дека Сулејман Реџепи и натаму ќе раководи со ИВЗ се додека ја има довербата од Ријасетот.